Македонски

Радое Домановиќ (1873–1908) е најистакнат писател на сатирични приказни во епоха на реализмот во српската книжевност. Кога го завршил филолошкиот факултет на Високата школа во Белград, работел како професор по српски јазик и книжевност и историја. Политички бил активен како писател и публицист, соработник на опозициските весници.

Неговата професорска работа е типична за напреден интелектуалец во тоа време: постојано е отпуштан од работа, преместуван е од едно на друго место, за на крај да заврши како коректор на државните весници. Припаѓал на боемскиот круг со Милован Глишиќ и Јанко Веселиновиќ. Пред крај на неговиот живот, длабоко разочаран, живеел во тешка положба, во беда и немаштија, и умрел напуштен и очаен.

За животот објавил Приказни (1899), потоа Чича Мита од народот, Прекинување на страстите и останати приказни (1902), Кралевиќ Марко по втор пат меѓу Србите, Данга, Водач (1902), Три приказни за младината (1903) и Приказни (1905).

Сатирични приказни:

Извори:

  1. Домановиќ, Радоје, Сатири, Кочо Рацин, Скопје 1957. (Прев. Благое Корубин)
  2. Домановиќ, Радое, Крале Марко повторно меѓу Србите, Народна задруга, Скопје 1964. (Прев. Радован Павловски)
  3. Домановиќ, Радое, Водач и други раскази, Наша книга, Скопје 1967. и 1970. (Прев. Трајан Бафтироски)
  4. Домановиќ, Радое, Мртво море, Мисла, Скопје 1968. (Прев. Гоце Стефановски и Чедо Цветковиќ)
  5. Домановиќ, Радое, Сатири, Македонска книга, Скопје 1970. (Прев. Александар Ежов)
  6. Домановиќ, Радое, Избрани сатири, Мисла, Скопје 1990. (Прев. Загорка Тодоровска-Присаѓанец)
Advertisements

Оставите одговор

Попуните детаље испод или притисните на иконицу да бисте се пријавили:

WordPress.com лого

Коментаришет користећи свој WordPress.com налог. Одјавите се / Промени )

Слика на Твитеру

Коментаришет користећи свој Twitter налог. Одјавите се / Промени )

Фејсбукова фотографија

Коментаришет користећи свој Facebook налог. Одјавите се / Промени )

Google+ photo

Коментаришет користећи свој Google+ налог. Одјавите се / Промени )

Повезивање са %s

%d bloggers like this: